Достапни линкови

„Ние без спиење, а Медена земја без Оскар“


Во МКЦ во Скопје организирано се следеше преносот на Оскарите

„Кој нè шиша за народ“. „Кој ќе победи со донесувањето на законот – правдата или неправдата?“. Ова се само дел од вашите коментари на Фејсбук страницата на РСЕ во врска со доделувањето на Oскарите и закoнот за Јавно обвинителство.

Ноќта на доделувањето на Оскарите веројатно многумина од нас останаа без спиење... но „Медена земја“ остана без Оскар. Очигледно разочарана, Дајана Бошкова постирала: „Кој нè шиша за народ“.

Бесона ноќ за фановите на Медена земја
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека е постигната согласност од 80 пратеници, заедно со независната група од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе гласаат „за“ за Законот за ЈО, а коментарите на нашата ФБ страница – од негативни понегативни. Бранко Ангелов напишал: „Кој ќе победи со донесувањето на законот – правдата или неправдата?“, а Исмаил Муамер независните опозициски пратеници ги нарекол „зависни“ и додал: „Крадецот го штити крадецот“. И Бектеши Б Исмаил е против независните и упатува критика до лидерот на социјалдемократите: „Тоа не е независна група, туку заканета група лично од тебе, со закани си на власт до 12 април“. Петре Николоски со порака до Заев посакува да дојде ден кога ќе го видел „во затвор и лично ќе дојдам да те з....“, на што Кире Велјановски му реплицирал: „Петре, прво да си го з... Груевски“.

Нашата саботна анализа со наслов: „По лекови во странство“ собрала најмногу ваши коментари, па Владе Ѓоргиејски постирал: „Фармацијата во светов е најголема мафија, жалосно!“ Трајанка Ташулова ни забележува зошто сме пишувале за здравствениот систем во Америка, каде што „... квалитет се добива само со многу пари“. Искра Круниќ би ги затворила сите фармацевски компании „зашто продаваат дрога или хемија. Канабисот е билка и лечи многу болести. Информирајте се, луѓе, ве молам!“ Николчо Петров потсетува: „Како и да е, во времето на ДПМНЕ ги имаше само 5 дена месечно и тоа со многу шетање по аптеки. Сега најчесто ги има“. Коле Трпески вели дека е факт „лековите што ги има во аптеките прво се многу поскапи, второ застарени и неделотворни“, па препорачува „да се донесат нови лекови особено за хроничните заболувања по пристапна цена на товар на Фондот“. Потпишана со Мирјана Мирјана кажува дека со сопругот секои три месеци трошеле по една пензија и додава: „Со сопругот за лекови на рецепт давам околу 2.500 денари секој месец, и за оние што не се на рецепт, витамини и суплементи уште толку.... Скапо е“.

Има многу недолични и коментари со непристоен јазик против министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој изјави дека ќе му сугерира на техничкиот премиер да ја разреши од функцијата Рашела Мизрахи, техничка министерка за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што изјави, ја променила таблата на влезот на Министерството за труд на која стоело името „Република Северна Македонија“ и дека од Грција е добиена протестна нота за непочитување на Преспанскиот договор. Мизрахи изјави дека ниту имало нова табла. Овие ваши коментари, меѓутоа, нема да ги цитираме токму заради непримерноста на јазикот и личните навреди, што се коси со професионалните стандарди на РСЕ.

XS
SM
MD
LG