Достапни линкови

ОН: Расте бројот на цивилни жртви во Авганистан


Илустрација - Припадници на авганистанските безбедни сили во Кабул

Обединетите нации денеска апелираа за намалување на насилството во Авганистан, истакнувајќи дека е зголемен бројот на загинати цивили поради судирите на талибанците со авганистанските безбедносни сили.

Мисијата на ОН за помош на Авганистан изрази загриженост поради интензивираните и брутални напади на милитантите од Исламска држава. Во извештајот на ОН се наведува дека во април талибанците се одговорни за 208 убиства на цивили, додека авганистанските безбедносни сили усмртиле 172 цивили.

Апелот на ОН следи откако американскиот специјален мировен претставник Залмаи Халилзад почна уште еден круг разговори со талибанците за ново помирување со властите во Кабул.

XS
SM
MD
LG