Достапни линкови

Од утре управните служби на МВР со скратено работно време


Сите Управни служби во Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време поради мерките за справување со коронавирусот. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека за скратеното работно време преку телеграма ќе ги информира сите управните служби во сите сектори за внатрешни работи.

„Управните служби на Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време. На подрачјето на Скопје од утре од 07.30 до 18 часот ќе работат пунктовите во МРТВ, Беко и Ѓорче Петров и од 10 до 18 часот ќе работат пунктовите во Бутел и Драчево. Управните служби во сите останати сектори за внатрешни работи ќе работат 07.30 до 16 часот“, најави министерот Чулев.

Во однос на пасошката криза министерот Чулев минатата недела информираше дека за десетина дена се очекуваат обрасците за пасоши. Изминатиов месец пасоши се издаваа само за итни случаи со одобрение од деветчлена комисија во МВР.

XS
SM
MD
LG