Достапни линкови

Од младите за младите


Денеска се одбележува Меѓународниот ден на младите. Обединетите нации го назначија 12 август како ден на младите за да се привлече вниманието кон сите проблеми кои ги имаат младите во општеството. За прв пат се одбележа во 2000 година.

По тој повод издвоивме неколку пораки од младите испратени до младите во рамки на рубриката „Моја Порака“.

Би им порачала на сите млади да се трудат во нивните цели, да ги остварат нивните цели, да се борат за своите права, затоа што светот е оставен на нас младите а старите се тука само да ни го дадат нивното знаење“, рече првата машиновозачка на македонските пруги, Зорица Петрова.

Порака до младите ми е да не им е страв да побараат помош, а до институциите да им ја обезбедат таа помош“, рече Александра Поповска од тимот АндроМета, кретори на апликацијата за млади SpeakOut.

Мојата порака е никогаш да не се откажуваат и да веруваат во своите соништа, и да внимаваат што ќе посакаат затоа што многу лесно може да им се исполни“, изјави младата актерка и комичарка Изабела Јакимова - Пан.

На младите ќе им порачам повеќе да ги користат новите технологии за продуктивни цели“, рече младиот Матеј Плавевски, кој сам изработи дрон за регистрирање на аерозагадување.

Бидете промената што сакате да ја видите. Работите нема да се сменат самите од себе. Не се доволни коментарите на Фејсбук“, изјави Бранкица Тинтоска, од движењето „Не биди ѓубре“.

„Пораката до младите е да запаметиме дека - што е океан, ако не е збир од капки. Тоа ми е еден од омилените цитати, дека се се оди еден чекор, мора да одиме полека, но доследни да бидеме на тоа“, порача Никола Јовановски, од движењето „Петоци за иднината“.

Јас би ви препорачал излезете правете реални акции, имплементирајте работи и тогаш ќе ве приметат и институциите, и властите, ќе ве приметат и вашите комшии, мислам дека ни недостига акција, од страна на нас младите“, рече 24 годишниот Александар Лазоски.

XS
SM
MD
LG