Достапни линкови

Од денес тестирање за коронавирус и во „Млин Балкан“


Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан, соопшти Министерството за здравство. Со тоа, граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.

Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга.

„Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот. Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

XS
SM
MD
LG