Достапни линкови

Обединетите арапски емирати почнаа прва мисија кон Марс


„Хоуп“ треба да помине 500 милиони километри пред да стигне на својата дестинација.

Обединетите Арапски Емирати денеска од Јапонија ја лансираа сондата „Хоуп“ со што ја почнаа својата прва мисија кон Марс, јави АП. „Хоуп“ треба да помине 500 милиони километри пред да стигне на својата дестинација во февруари 2021, што ќе се совпадне со 50-годишнината од основањето на ОАЕ.

„Ова ќе го има истото влијание врз нашата земја како кога Американците го гледаа слетувањето на ‘Аполо 11‘ на Месечината пред 51 година“, изјави Сара Ал Амири, научниот водач на проектот „Хоуп“.

Ова е една од трите мисии што овој месец ќе се упатат кон Марс. Свои лансирања подготвуваат и САД и Кина.

XS
SM
MD
LG