Достапни линкови

Обвинителство бара казна по 2000 евра за 4 прекршители на изолацијата


Илустрација

Скопското обвинителството бара од Основниот кривичен суд во Скопје да изрече казни на четири лица, по 2000 евра за секого посебно, кои не седеле во изолација по враќањето од странство.

„Четворицата обвинети, од кои тројца жители на Трубарево и еден на Петровец, влегле во земјава на граничниот премин Табановце на 16, 17 и 18 март, доаѓајќи од различни земји со висок или среден ризик за ширење на епидемијата од коронавирус, прифатиле и потпишале изјава дека ќе останат во задолжителна самоизолација во своите домови во период од 14 дена, но на 18 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не биле затекнати во своите домови“, соопштија од обвинителството.

XS
SM
MD
LG