Достапни линкови

„Ноември - месец на науката“

„Ноември - месец на науката“ започна викендов на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Целта на манифестацијата е преку работилници, предавања на популарни теми од науката, експерименти и презентации да се афирмираат природните науки.
Учениците имаат прилика да слушаат научно-стручни популарни предавања, презентации и работилници, како и да учествуваат во натпревар за изведување експерименти, изработки, симулации и модели. Манифестацијата започна со ученици од прво до шесто одделение. Наредната сабота (23 ноември) ќе биде фокусирана на ученици од седмо до деветто одделение, а на 30-ти ноември ќе се одржуваат настани наменети за ученици од средни училишта. Годинава се вклучени 800 ученици.
Главен организатор на манифестацијата е Македонското географско друштво, во соработка со Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачкото друштво на студенти биолози, Истражувачко друштво на студенти географи и Природно-математичкиот факултет.


Категории

XS
SM
MD
LG