Достапни линкови

Нов послаб земјотрес во Загреб


Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени бил регистриран во Загреб и пошироката околина, а епицентарот бил на четири километри северно од хрватската метропола, објавија хрватските медиуми.

По првата серија земјотреси, вчера, првиот со јачина од 5,5 степени и уште 30-ина послаби потреси после него, биле повредени 27 лица, од кои 18 потешко, а биле пријавени 5.500 оштетени објекти.

XS
SM
MD
LG