Достапни линкови

30 новозаразени со коронавирус во Македонија


Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. Новозаразени по градови: Скопје 12, Куманово 8, Прилеп 9 и Крива Паланка 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 384 лица.

Според местото на живеење, до сега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје - 195
​Куманово – 62
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 21
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Клиника Жан Митрев – 100. До сега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

XS
SM
MD
LG