Достапни линкови

Нови 4 пациенти со коронавирус, вкупно 35 до сега


Test tube with Corona virus

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата до 12 часот изнесува 35, откако утрово позитивни на тестирање за коронавирус биле четири лица од Скопје.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Од Министерството информираат и дека лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште биле посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации за најновата состојба со коронавирусот ќе информира министерот Венко Филипче на прес-конференција закажана за 15 часот.

XS
SM
MD
LG