Достапни линкови

Нови 22 заразени со коронавирус во Македонија, вкупно 136 до 12 часот


Илустрација

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаја на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

Статистиката на заразени со коронавирус по градови е следната: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Вчера и денеска во Македонија беа регистрирани два смртни случаја од Ковид-19, 57-годишна кумановка вчера и денеска 63-годишен дебарчанец.

XS
SM
MD
LG