Достапни линкови

Нови 15 случаи на Ковид-19 во Албанија


Со ново потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица, информираше министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу и потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните, пренесе МИА.

„Само во последните 24 часа потврдени се 15 нови позитивни случаи, на 45 извршени тестови. Мапата на заболените од Ковид-19 веќе се проширува,затоа апелирам на строго почитување на препораките. Имаме една добра вест дека излекувани се уште двајца пациенти,со
што бројот на излекуваните се зголеми на пет“, рече Манастирлиу.

XS
SM
MD
LG