Достапни линкови

Нови 128 случаи на Ковид-19 и шестмина починати


Илустрација

Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19, шестмина починати и 137 оздравени, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се регистрирани во Скопје 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2 и во Свети Николе 1.

„Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, соопшти денеска МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

XS
SM
MD
LG