Достапни линкови

Нови 120 случаи на Ковид-19 и четворица починати


Илустрација - Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 64, во Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5 и во Ресен-5. Во ГОБ „8 Септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од кои во Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1 и во Ресен-5. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG