Достапни линкови

Нови судири на полицијата и бегалците кај Еврос


По синоќешните инциденти, како и оние во текот на ноќта, утрово се смирени тензиите на грчко-турската граница кај Еврос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Групи бегалци и мигранти насобрани на турска територија и синоќа, но и во периодот од два и пол до четири часот утрово, со солзавци и камења се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да стигнат на грчка територија.

„Со помош на турските власти кои повторно фрлија солзавци, бегалците се обидоа да ја преминат оградата, но веднаш реагираа грчките, спречувајќи ги да влезат во грчка територија“, јави МИА, повикувајќи се на информации објавени во онлајн изданието на весникот „Та неа“.

XS
SM
MD
LG