Достапни линкови

Нови протести против законот за државјанство во Индија


Протести против новиот закон за државјанство, по петочната молитва во џамијата Џама Масџид во Њу Делхи на 20 декември

Неколку илјади Индијци денеска повторно протестираа против новиот закон кој им овозможува државјанство на немуслиманските бегалци од неколку соседни земји. Околу 2500 луѓе протестираа во Мумбаи, носејќи транспаренти против давањето државјанство на бегалците од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, под услов на се од исламска вероисповест. Протести се одржаа и во Калкута и во други индиски сојузни држави.

Протестите почнаа на 11 декември, веднаш откако владејачкото националистичко мнозинство го усвои законот, кој не се однесува на муслиманските малцинства, во Парламентот. Критичарите на законот велат дека со тоа премиерот Нарендра Моди се обидува да ја направи Индија хиндуистичка држава, задавајќи ѝ голем удар на секуларната демократија.

Новиот закон им овозможува државјанство на хиндусите, христијаните, сиките, будистите, парсите и џаинистите кои во Индија се нелегално, но можат да докажат дека биле жртви на верски прогон во Бангладеш, Пакистан или во Авганистан, кои се доминантно муслимански земји.

Премиерот Моди вели дека законот е хуманитарен гест кон бегалците.

XS
SM
MD
LG