Достапни линкови

Новиот премиер Спасовски ги задржа истите заменици


Премиерот Оливер Спасовски

Владата на денешната прва редовна седница во новиот состав, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, ги назначи вицепремиерите.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска е определена за заменичка на претседателот на Владата, додека за заменичка на претседателот, задолжена за економски прашања е именувана Мила Царовска, која дојде на местото на Кочо Анѓушев. За вицепремиер задолжен за европски прашања е определен Бујар Османи, а Садула Дураки, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците е именуван за заменик на претседателот.

Министерот без ресор Роберт Поповски останува задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми е министер задолжен за дијаспора, Музафер Бајрам е министер задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Зорица Апостолска е министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, Бардул Даути е министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е министер без ресор задолжен за странски инвестиции и Хисен Џемаили е министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

За Генерален секретар на Владата е именуван Драги Рашковски, а за негов заменик Таки Хани.

XS
SM
MD
LG