Достапни линкови

„Не биди ѓубре“ повика на празнична генералка


„Ве повикуваме на 11 октомври 2019 да се вклучите во беспоштедна борба против нашиот најголем окупатор - ѓубрето. Ѓубрето со години ги узурпира сите јавни простори и го обзема нашето секојдневие. Време е да кажеме доста беше!“, стои во описот на фејсбук настанот објавен од Студентската организација при Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Иницијативата е на неформалната група „Не биди ѓубре“. За да се приклучите, објаснуваат во повикот, треба да излезете на локација по ваш избор и да го соберете ѓубрето, да сликате (пред и потоа) и фотографиите да ги споделите во фејсбук групата „Не биди ѓубре“.

„Борбата против ѓубрето допрва започнува! Чиста Македонија!“, напишаа иницијаторите.

Една од најактивните волонтери во оваа група, актерката Ирена Ристиќ, сподели на социјалните мрежи дека среќна ќе биде со илјада волонтери низ земјата.

„Кога Косоварите се договориле да го чистат Косово, на терен биле над 100.000 волонтери (10.78% од населението). Кога Словенците се договориле да искочат и у еден ден да ја средат земјата, на број биле 270.000. Денес се најчиста земја на светот. Ние, у Македонија се договоривме да искочиме сега, на 11 Октомври“, напиша Ристиќ во својот повик на Фејсбук.

Групата „Не биди ѓубре“ пред повеќе од една година започна со расчистување ѓубре низ државава. Младите активисти од групата беа дел од „Моја Порака“ и споделија дека не планираат да ги остават метлите се додека граѓаните не го фрлаат ѓубрето во канта за отпадоци.

XS
SM
MD
LG