Достапни линкови

Нема нови заразени со КОВИД 19 во кризните зони во Италија


За првпат нема нови заразени луѓе во десетте италијански градови кои прогласија црвена зона заради коронавирусот, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, пренесе Ројтерс.

Во Италија досега со КОВИД-19 се заразени 15.113 луѓе, а починаа 1.016. Откако италијанската влада воведе драстични мерки и затвори бројни продавници, кафулиња, ресторани и фризерски салони, го ограничи движењето, се чини дека мерките конечно даваат првични резултати.

XS
SM
MD
LG