Достапни линкови

Најавен нов протест поради поскапувањето на струјата


Фотографија од протестот против покачување на цената на струјата одржан во Тетово на 6 август 2020.

На граѓанска иницијатива, задутре со почеток од 18 часот, во паркот во скопски Чаир, е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

Како што наведуваат организаторите, од паркот Чаир ќе се маршира до Влада. Овој протесто официјално утре ќе биде најавен од пред зградата на Владата на Илинденска во Скопје.

„Бараме доброволци од сите населени места во Скопје и околина да се пријават во советот на протестот за да заедно организираме и што повеќе да ја мобилизараме масата за масовен протест“, стои во најавата за протестот, објавен на фејсбук страницата насловена „Protesta vazhdon - Протестот продолжува“.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, односно, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.

XS
SM
MD
LG