Наполеон пак победи кај Аустерлиц
Топовско пукање кај чешкото село Славков кај Брно беше дел од симулираната славна битка на Наполеон Бонапарта, каде извојувал победа врз руско-австриските сили на 2 декември 1805 година. „Не ја славиме смртта, никако. Им оддаваме почит на загинатите“, изјави Марк Шнајдер, американец во улога на францускиот император.