Достапни линкови

Напад на талибанците во Авганистан, 14 загинати


Илустрација

Талибанските милитанти извршија оружени напади врз воени и полициски објекти во авганистанските окрузи Имам Сахип и Чардере, соопшти портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Кундуз, Есматула Мураду, пренесе АП. Одговорноста ја презеде „Движење на Талибанците“.

Во нападот во провинцијата Кундуз загинале најмалку 14 припадници на авганистанските безбедносни сили, а двајца се повредени. Во престрелката се убиени и тројца напаѓачи, а четворица се ранети. „Движењето на Талибанците“ тврди дека во нападот се убиени 19 припадници на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG