Достапни линкови

Мост: Изборите беа во фер и демократска атмосфера


Дарко Алексов, МОСТ

Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Изборната администрацијата ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради пандемијата со КОВИД-19 со што граѓаните можеа безбедно да го остварат своето право на глас. Ова е прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација МОСТ за предвремените парламентарни избори.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои, како што рече, не влијае на квалитетот на изборниот процес.

„Изборната кампања генерално помина во релаксирана атмосфера и овојпат не беа забележани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе, што го продолжува трендот на подобрување во последните неколку изборни циклуси. Исклучок претставуваат случаите на црна и негативна кампања, како и користењето на националистичка реторика“, рече Алексов.

XS
SM
MD
LG