Достапни линкови

Мицкоски бара да се прогласи вонредна состојба


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара воведување на вонредна состојба поради ситуацијата со коронавирусот. Според него ситуацијата била алармантна и немало брза и одлучна акција од надлежните во државата.

„Неопходно е итно дејство на Владата и носење на одлуки кои подразбираат и посериозни фискални импликации и поголема мобилност на институциите во справување со состојбата на терен. Токму затоа пред 6 дена побарав прогласување на кризна состојба. Од вчера пак се наметна нова дилема и таа дилема е присутна во јавноста за прогласување на кризна или вонредна состојба. Поради итноста и алармантноста на состојбите на терен, но и неопходноста да се помогне на граѓаните апелирам денес до претседателот Пендаровски да прогласи според Уставот вонредна состојба во Македонија час поскоро“, изјави денеска Мицкоски.

Лидерот на опозицијата, на последната лидерска средба за одложување на изборите, не се сложи со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да се воведе вонредна состојба, туку побара воведување кризна состојба во цела држава.

Денеска тој нагласи дека да не се навлегува во правни дилеми, туку да се навлезе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје.

XS
SM
MD
LG