Достапни линкови

Министерот Бектеши не очекува рецесија во првиот квартал


Крешник Бектеши

Министерот за економија, крешник Бектеши, на денешната прес-конференција изјави дека, според индикаторите кои ги имат, не очекува да влеземе во рецесија во првиот квартал. Сепак, додаде тој, засега ги нема официјалните податоци за состојбата од Државнот завод за статистика.

„Немам информации за извештајот од Заводот за статистика, но според индикаторите кои ги знаеме, очекувам да не влеземе во рецесија во првиот квартал. Ќе ги чекаме податоците од Државиот завод, по што ќе излеземе со наш став зависно од движењата на секој од секторите“, рече Бектеши на прес-конференцијата на која најави уште една економска мерка за поддршка на хотелиерите за полесно справување со економските последици од пандемијата.

Во однос на продолжување на мерката со која на компаниите им се исплаќаат по 14.500 денари поддршка за секој вработен, Бектеши рече доколку има финансиски можности може да продолжи.

XS
SM
MD
LG