Достапни линкови

Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател


По изјавите на американската амбасадорка во Тирана, за наводен таен договор за пропаѓање на реформата во правосудството, претседателот Илир Мета предупреди дека ќе има поинаков пристап кон средбите со лидерите на политичките партии и меѓународните претставници, пренесе МИА од Тирана. Како што рече Мета, од денес службената должност ќе ја извршува само со институционални состаноци со кој било политички лидер или меѓународен претставник.

„Ќе видите друг претседател. Ќе имате многу официјален претседател. Отворете во секое време за официјални институционални односи, добро документирани и со сведоци. Со Рама, со Баша, со Сореца и со Ким, со овие четворица институционални односи и состаноци, со сведоци и добро документирани , рече Мета гостувајќи во телевизиска емисија, пренесе МИА.

XS
SM
MD
LG