Достапни линкови

Меркел, Макрон и Лајен договориле антикорона мерки за ЕУ-границите


Емануел Макрон, Урсула фон дер Лајен и Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел, претседателката на Европската комисија, Урсула фод дер Лајен, и францускиот претседател, Емануел Макрон, договорија денеска во следните часови да преземат мерки на надворешните граници на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон. Францускиот претседател ги осуди едностраните мерки за гранична контрола преземени од некои земји на ЕУ, настојувајќи да го контролираат ширењето на коронавирусот.

Претходно имаше несогласување меѓу Макрон и Меркел откако Германија одлучи времено да воведе контроли со Австрија, Швајцарија, Франција, Луксембург и Данска поради спречување на ширењето на Ковид-19. Портпарол на ЕК претходно истакна дека какви било мерки на границите мораат да бидат добро координирани, за да не се влоши снабдувањето со храна и санитетски материјал.

XS
SM
MD
LG