Достапни линкови

Мега мурал за Грета Тунберг


Грета Тунберг

Грета Тунберг, шведската активиска за борба против климатските промени, ќе добие голем мурал во центарот на Сан Франциско, кој ќе го наслика аргентинскиот муралист Андрес Иглесиас, пренесоа американските медиуми. Иглесиас, познат под псевдонимот Кобра, следната недела ќе го заврши муралот со ликот на 16-годишната Швеѓанка, која годинава беше номинирана за Нобелова награда за мир.

Тој рече дека го вложува своето време во ова дело и се надева дека муралот ќе им помогне на луѓето да сфатат дека „мора да се грижиме за светот”. Кобра го ангажира една непрофитна еколошка организација, која планира повеќе акции во чест на активистите за заштита на животната средина.

XS
SM
MD
LG