Достапни линкови

Мас ја брани улогата на Европа во НАТО


Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, повика на заштита и зачувување на улогата на Европа во трансатлантската алијанса на НАТО, наспроти критиките од францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„За Германија е јасно: Би било грешка да се поткопа НАТО“, рече Маас во коментарите објавени во неделата. Без Соединетите држави, ниту Германија ниту Европа не се во состојба ефикасно да се заштитат“, рече Мас.

Тој во авторската колумна во германскиот весник Шпигел, директно го критикува Макрон, кој рече дека НАТО доживува „мозочна смрт“ и дека на Европа ѝ треба повеќе суверенитет на прашањата за безбедноста.

XS
SM
MD
LG