Достапни линкови

Лондон ги советува Британците да избегнуваат патување во Ирак и Иран


Странци вработени во нафтените компании го напуштаат Ирак на аеродромот во Басра на 3 јануари 2020

Лондон денеска им препорача на британските државјани да избегнуваат патување во Ирак или Иран, по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани.

Во соопштението од британското Министерството за надворешни работи се наведува дека ги советуваат граѓаните да не патуваат во Ирак, освен во регионот Ирачки Курдистан и „да размислат дали за нив е клучно да патуваат во Иран“.

Техеран најави дека ќе се одмазди за смртта на генералот, кој беше убиен во американски воздушен напад во кој настрадаа 10 луѓе, петмина Ирачани и петмина Иранци.

XS
SM
MD
LG