Достапни линкови

90 лица го прекршиле новиот полициски час, 56 приведени


Полициски час во Скопје

Вкупно 90 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 14 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Полицијата приведе 56 лица, опоменати се вкупно 7 лица, а за 24 лица земени се податоци за понатамошно постапување, информираше денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 28 кривични пријави за 37 сторители.
За 20 лица издадени се решенија за изолација, а 241 лицe потпишале изјави за самоизолација“, информираше министерот.

XS
SM
MD
LG