Достапни линкови

Кој ќе излезе од државата ќе потпишува изјава дека нема да се врати 90 дена


Во ситуацијата со коронавирусот во државата, секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да се врати назад, одлучи денеска Владата, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

„Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира“, рече Спасовски, на прес-конференцијата на која информираше и дека Владата донела одлука да му предложи на Парламентот воведување вонредна состојба на територијата на целата држава поради ситуацијата со коронавирусот.

Претходно, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, објави дека, и покрај владините препораки, за 24 часа државата ја напуштиле над 1330 граѓани.

XS
SM
MD
LG