Достапни линкови

Коста: Со „коронаобврзница“ против нова должничка криза


Членот на Упрваниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Карлос Коста, денеска изјави дека владите во еврозоната мора да размислат за издавање заедничка „коронаобврзница“, за да не предизвика пандемијата на коронавирусот нова должничка криза.

„Потребен е заеднички и сеопфатен одговор од Европа за да се надополни програмата за купување на обврзници на ЕЦБ и флексибилност во однос на фискалната дисциплина и државната помош што ја нуди Европската комисија. Ако не соработуваме во оваа криза, трајно ќе му наштетиме на европскиот проект“, вели Коста, кој исто така е гувернер на Португалската централна банка.

XS
SM
MD
LG