Достапни линкови

Коронавирус: Оздравени 9, новозаразени 23 и еден починат


Илустрација - Медицинско лице дистрибуира примероци за тестирање за Ковид-19 во лабораторијата во МАНУ

Во последното деноноќие во земјава се потврдени 23 новозаразени со коронавирус, девет оздравени и еден починат, соопшти Министрството за здравство.

„Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1. Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска. Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1“, соопшти МЗ.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројот на оздравени пациенти 1387, на починати 112, а бројот на активни случаи 422.

Во последното деноночие се направени 702 теста, а досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на ковид -19.

XS
SM
MD
LG