Достапни линкови

Коронавирус во светот до 10 часот: САД со најмногу заразени, во Русија неработна недела


Илустрација - Црна гора, 27 март 2020 година.

Денеска до 10 часот, според последните официјални податоци, во светот се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица. САД станаа првата држава со надминати 100 илјади заразени, а Русија ја почнува т.н неработна недела.

– Во Италија од новиот коронавирус починаа 9.134 луѓе, а во последните 24 часа нивниoт број изнесува 969, а регистрирани се 5.909 нови случаи. Тоа е најголема цифра на смртни случаи во еден ден.

– САД станаа прва држава која стигна до бројката од 100.000 заразени со коронавирусот, а само во последните 24 часа потврдени се 14.602 случаи и покрај тоа што сите американски сојузни држави се уште немаат пријавено нови случаи. Досега починале 1.536 луѓе од кои 241 во последните 24 часа.

– Индија регистрира најголем раст на новозаболени од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа 149 лица биле позитивни на Ковид-19. Вкупно во Индија се регистрирани 873 пациенти, од кои 19 починаа.

– Чешкиот премиер Андреј Бабиш најави дека најверојатно вонредната состојба ќе биде продолжена за уште 30 дена. Во Чешка заразени се 2.279 луѓе, а тестирани се 31.127. Десет лица оздравеа, а деветмина починаа од новиот коронавирус.

– Во Турција се ограничува меѓуградскиот автобуски сообраќај со цел да се запре ширењето на Ковид-19. Во земјата регистрирани се вкупно 5,698 инфицирани лица, од кои 42 озравеа, а 92 починаа.

- Во Црна Гора инфекцијата со Ковид-19 е потврдена кај уште седум лица, со што бројот на заразени изнесува 82 и еден починат.

- Во Австрија 7.697 лица се позитивни на новиот коронавирус, а бројот на смртни случаи порасна за девет и се изнесува 68.

- Русија го започнува она што Владимир Путин го нарече „неработна недела“, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Владата им препорача на луѓето да седат дома, но новите рестрикции би можеле да бидат продолжени и после 5 април, во зависност од ситуацијата.

XS
SM
MD
LG