Достапни линкови

Кина - Новите случаи на коронавирус се „увоз“ од Русија


Илустрација - Припадници на кинеска безбедносна служба пред болница во Пекинг.

Русија стана најголем извор на увоз на нови случаи на коронавирус во Кина, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на објава во кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

„Русија е последниот пример на неуспех во контролата на увезените случаи и може да послужи како предупредување за другите. Кинескиот народ гледаше дека Русија станува сериозно погодена земја. Ова треба да го вклучи алармот: Кина мора строго да го спречи приливот на случаи и да избегне втор бран на заразата“, се вели во весникот, пренесе „Ројтерс“.

Кинеската североисточна гранична провинција Хеилонгџианг вчера забележа 79 увезени случаи на коронавирус. Сите нови случаи биле кинески државјани кои патувале назад во земјата од Русија, јавија државните медиуми.

Полицијата на Хеилонгџианг денеска соопшти дека ќе ги награди граѓаните за пријавување илегални мигранти кои преминуваат во покраината. Според известувањето, на луѓето кои ќе пријават нелегални мигранти им бидат доделени 3.000 јуани, околу 400 евра, а оние кои самите ќе ги задржат мигрантите и ќе им ги предадат на властите, ќе добијат 5.000 јуани, околу 700 евра.

Во Кина се потврдени вкупно 82.224 случаи на коронавирус и 3.341 смртни случаи. Во изминатите 24 часа не е регистриран смртен случај.

XS
SM
MD
LG