Достапни линкови

Кајли Џенер и Роналдо на врвот на листата на заработки на Инстаграм


Кајли Џенер иако не е во Топ 5 листата на најследени на Инстаграм, најмногу заработува со објави на нејзиниот профил.

Ѕвездата на реалните шоу Кајли Џенер, втора година по ред е прва на „Инстаграм листaтa на богатите“ за 2019 година, објавија повеќе западни медиуми, додека специјализираната интернет страница “Инфлуенсер маркетинг хаб“ на објави листата на најследени инфлуенсери на Инстаграм на чиј врв е Селена Гомез.

Оваа листа е направена според тоа колку еден корисник може да наплати и заработи од една објава, како и на просечниот негов број ангажмани и бројот следачи на оваа социјална мрежа.

Кајли Џенер, која е прва на листата на заработки, и годинава бележи пораст на своето конто, а за една објава на Instagram во просек наплатува 1,26 милиони долари. Зад неа е Аријана Гранде со 996.000 долари, додека трет е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, чиишто објави просечно вредат по 975.000 долари.

Следат Ким Кардашијан со 910.000 долари, Селена Гомез со 886.000 долари по објава, актерот Двејн Џонсон познат како Карпата со 882.000 долари и Бијонсе 785.000 долари.

На листата најследени на Инстаграм, според “Инфлуенсер маркетинг хаб“, прва е Селена Гомез, а по неа следуваат Кристијано Роналдо, Аријана Гранде, Бијонсе, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт, Кајли Џенер и Карпата.

XS
SM
MD
LG