Достапни линкови

„Катимерини“ - САД трупаат авијација на островот Крит


Илустрација: Американски авион C-130 Hercules

Четири американски авиони CVT-22B Osprey и два воени транспортера C-130 Hercules слетале во воената база Суда на островот Крит во четвртокот, објави весникот Катимерини.

Според извори на весникот, шесте авиони кои се префрлени од американска база во Англија ќе се користат за потенцијални операции за евакуација на американски граѓани или офицери од Ирак или од поширокиот регион на Блискиот Исток.

Тензиите на Блискиот Исток се зголемија, откако во американски воздушен напад во Ирак беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани. Техеран се закани дека ќе се одмазди.

XS
SM
MD
LG