Украинскиот сервис на РСЕ доби пристап до Институтот за срце во Киев, каде хирурзите продолжуваат да вршат операции за спасување живот и покрај прекините на струја. Од почетокот на целосната инвазија на Русија, институтот мораше да се подготви за сите видови катастрофи. И покрај предизвиците, Киевскиот институт вели дека извршил рекорден број операции во 2022 година.