Достапни линкови

Како со апликација на телефон се следат министрите дали работат?


Францускиот претседател Емануел Макрон

Шефот на француската држава имал специјална алатка, која не е достапна за јавноста, за да го процени напредокот на петгодишниот реформски проект

Францускиот претседател, Емануел Макрон, има апликација што ги покажува успесите и неуспесите на неговите министри и тоа во реално време, објавија француските БФМ ТВ и Ле Фигаро.

Шефот на француската држава имал специјална алатка, која не е достапна за јавноста, за да го процени напредокот на петгодишниот реформски проект, и ова се однесува на сите министерски ресори. Апликацијата ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип, објавија француските медиуми, а пренесоа светските новински агенции.

Апликацијата била изработена од тројца високи функционери многу блиски до извршната двојка, вклучувајќи го и нивниот најблизок соработник: Алексис Кохлер, генерален секретар на Елисејската палата и Бенедикт Рибадеу-Думас, генерален секретар на Матињон. Томас Казенав, меѓуминистерски делегат за јавна трансформација, исто така, наводно учествувал во проектот.

Според Ле Фигаро, за време на последниот владин семинар, Макрон ја пријавил оваа апликација, укажувајќи дека ги има кодовите и тој редовно ги разгледувал податоците. Оваа информација „малку ги замрзнала министрите“, вели неименуван извор за француските медиуми.

XS
SM
MD
LG