Достапни линкови

Како да се справиме со изостаноци од училиште?


Неоправдани се делат за доцнење на прв час, но лекарите пак премногу лесно издаваат медицински белешки за оправдано отсуство. Покрај тоа, голем број ученици членуваат во културни и спортски друштва поради што добиваат дозвола да отсуствуваат кога заминуваат на гостувања во странство. Гевгелиската гимназија е само еден од примерите каде поради овие причини е вклучен аларм.

Како последица на сето ова, како што вели директорот на гевгелиската гимназија Цветко Нелоски, има голем отсуство од училиштето. Поконкретно, минатата учебна година гевгелиските гимназијалци направиле вкупно 38.495 изостаноци од часови од кои оправдани биле 34.483 или 52 по ученик, а неоправдани 4.012 или во просек по шест по ученик. Овој податок го привлече вниманието на општинските советници кои побараа преземање итни мерки за намалување на изостаноците.

„Сепак, најголем проблем е нашата недоволна соработка со родителите, па затоа правиме напори Советот на родители поактивно да се вклучи во решавање на овој проблем“, нагласи Нелоски.

И педагошко психолошките служби во училиштето за надминување на состојбата почнаа да преземаат мерки и да ги повикуваат на разговор и советување учениците кои имаат најголем број изостаноци.

XS
SM
MD
LG