Достапни линкови

Ирачкиот претседател не го додели мандатот за премиер „за да спречи нови крвопролевања“


Антивладини протести во Ирак

Ирачкиот претседател Берхам Салех денеска одби да го именува за премиер Асад ал Ејдани, кој е предлог на парламентарниот блок кој има поддршка од Иран, а антивладините демонстранти го отфрлија.

Претседателот Салех соопшти дека нема да го именува гувернерот на јужната провинција Басра за нов премиер за да се избегне „уште пролевање на крв и да се зачува граѓанскиот мир“.

Парламентарниот блок Фатах вчера го предложи Ал Ејдани. Ирачките демонстранти веднаш излегоа на улиците да протестираат против неговото именување и да бараат независен кандидат.

Претседателот Салах во писмото до претседателот на Парламентот вели дека неговата одлука може да се смета и за кршење на Уставот и поради тоа ја става својата одлука на располагање на парламентот. Тој сепак не поднесе оставка, туку му остави на Парламентот да одлучи.

Ирак е во хаос од 1 октомври, кога почнаа антивладините протести во кои досега загинаа над 100 луѓе, а над 1000 се повредени.

XS
SM
MD
LG