Достапни линкови

Инстаграм од Фејсбук и ВатсАп од Фејсбук


Апликациите Инстаграм и ВатсАп наскоро ќе добијат „титули“, односно во нивниот назив ќе биде додадено нивното „потекло“ со што ќе биде истакнато дека тие му припаѓаат на гигантот Фејсбук.

Со тоаа промена Инстаргам ќе се вика - Инстаграм од Фејсбук, а ВатсАп - ВатсАп од Фејсбук, потврдила портпаролката на Фејсбук, Берти Томсон, во изјава за „Бизнис Инсајдер“.

„Сакаме да бидеме јасни кога станува збор за производите и услугите кои се дел од Фејсбук“, вели Томсон и додава дека новото име ќе се појави во сите онлајн продавници за апликации, како и внатре во нив, но нема да се гледаат на почетните екрани на корисниците.

Според дел од американските медиуми, компанијата Фејсбук, проценета на 535 милијарди долари, долго време дозволуваше нејзините апликации Инстаграм и ВатсАп да работат како независно, со значајна автономија, но во последно време се обидува да оствари своевидна контрола, што не наидува на одобрување кај сите вработени.

XS
SM
MD
LG