Достапни линкови

Уапсени 66 лица за кршење на полицискиот час


Полициски час во Скопје

Според евиденцијата на МВР, во изминатите 24 часа, 25/26 март, на територијата на државата 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во истото деноноќие на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.

XS
SM
MD
LG