Достапни линкови

Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори


Илустрација: Гласање на првиот круг од претседателските избори во Хрватска на 22 декември 2019

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3,86 милиони гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ од ХДЗ или за поранешниот премиер Зоран Милановиќ од СДП.

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк и на социјалните мрежи.

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

XS
SM
MD
LG