Достапни линкови

ЗНМ бара разрешница на случаите со говор на омраза


Македонски медиуми, микрофони поставени на прес конференција
Македонски медиуми, микрофони поставени на прес конференција

Постои благо зголемување на тенденцијата новинарите да бидат мета на говор на омраза. Тоа не загрижува и бараме праксата на неказнивост да престане за да можеме да ги спречиме овие појави, рече на денешната прес-конференција претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.

Повикувајќи се на благо зголемување на случаи кои зборуваат дека новинари се мета на говор на омраза претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски денеска уште еднаш ги потсети Владата и институциите дека треба да гарантираат безбедна средина за работа на новинарите, нагласувајќи дека тоа може да се постигне единствено со прекинување на неказнивоста на оние кои напаѓаат новинари.

Чадиковски рече дека новинарите се постојано под неков тип на закани и оти тоа се толкува како обид да бидат вознемирени со цел да биде замолчена нивната острица, особено критиката во медиумите.

„Загрижени сме бидејќи фактот дека нема ниту еден случај со судска разврска за говор на омраза во медиумите и се уште се чека органите да истражат пријавени порки за говор на омраза е поразителен. Апелираме и до судовите и Јавното обвинтелство конечно да почнат да ги процесуираат овие предмети и се разбира очекуваме разрешница, а не само процесуирање, за да ни се замачкаат очите“, изјави Чадиковски.

Тој ова го кажа на прес конференија на која беше објавено дека Мрежата за говор на омраза на Советот на етика која беше формирана во јануари продолжува да се обединува.

Од ЗНМ ги повика и новинарите да се придржуваат до нивниот кодекс при работење, нагласуавјќи дека медиумите имаат големо влијание врз јавното мислење, особено во време на избори кога степенот на етичност треба да биде на највисоко ниво.

Катерина Синадиновска од Советот на етика рече дека медиумите имаат големо влијание врз јавното мислење и затоа пораките кои ги пренесуваат имаат сериозни последици. Поради тоа забраната на ширење на говор на омраза мора да биде едно од најважните правила во изевестувањето, рече таа.

Темата со говорот на омраза во земајата повторно стана актуелна со изборите, но таа дополнително има значење во општеството во кое има различности, рече Синадиновска

"Знаете дека говорот на омраза е рак рана на нашето општество. Пороцесот на борба е долгорочен. Треба да се култивира јавниот дискурс. Три децении никој не одговарал за говор на омраза, а тој говор е опасен и може да предизивика и злосторство од омраза во општество како нашето кое е поделено по повеќе основи, верски, етнички и други, и од аспект на тоа што може да потикнува натамошна поларизација и ширење на јазовите кои ги имаме во општеството"рече Синадиновска.

Лирим Дулови преседателот на Асоцијацијата на печатени медиму која денеска се придружи на глобалната мрежа изјави дека нивната кампања "Почитувај не мрази" е подржна од јавни личности и дипломати во земјава

"Целта е да се побара одговорност од институциуте кога има говор на омраза. Се надеваме деак пораките кои ги праќаме преку медиумите и јавните личности кои не подржуваат ќе имаат влијание за мирен и релакиран процес и во вториот круг" рече Дулови.

Во Мрежата против говор на омраза свое учество имаат новинарските здруженија, донесители на одлуки, државни и регулаторни тела, надлежни за заштита на човековите права, организации од граѓанскиот сектор и други субјекти од областа на медиумите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG