Достапни линкови

Затворска казна и психијатриско лекување за Емил Јакимовски


Емил Јакимовски, кој се закануваше на новинарки и беше пријавен за семејно насилство, е осуден на затворска казна во траење од 20 месеци (1 година и 8 месеци) и на претходно задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата, што беше изречена денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, е првостепена и странките имаат право на жалба.

Според обвинението, кое беше поднесено на 24 јануари годинава, Јакимовски се товареше за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство и за едно кривично дело загрозување на сигурноста по пат на информатички систем.

XS
SM
MD
LG