Достапни линкови

Заев се обрати до нацијата, ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки за спас


Ова е борба за сечиј живот... Млади, мора да разберете колку е сериозна ситуацијата и веднаш да ги прекинете собирите... Ги молам медиумите да продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално однесување, а на оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ, зашто сега народот реагира, рече денеска лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, во обраќање до нацијата.

„Подготвуваме голем пакет на нови економски мерки, да ги задржиме вработените и да ги одржиме фирмите. Државата ќе помогне солидарно, на здрави основи“, рече Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираа дека Владата и СДСМ не знаат да се справат со ситуацијата и дека треба да ги прифатат мерките што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку владата нема капацитет, би било многу поодговорно да ги побара најдобрите двајца економисти од стопанските комори, да ги побара најдобрите двајца економисти од факултети, да ги побара од опозицијата, од други политички партии секој да помогне да се направи итен план за оваа пандемија која што го зафаќа здравјето на граѓаните, да не биде и пандемија која што ќе значи и колапс на економијата“, изјави Антонијо Милошоски.

XS
SM
MD
LG