Достапни линкови

Заев бара од Педаровски да прогласи вонредна состојба


Стево Пендаровски и Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја поздрави одлуката на Владата да побара вонредна состојба и го повика претседателот на државата, Стево Пендаровски, да донесе одлука за вонредна состојба.

„Се справуваме со еден од најголемите глобални предизвици, да го заштитиме здравјето и сигурноста на граѓаните во време на пандемија и ширење на коронавирусот. Во време кога целосно сме посветени и се бориме со широко распространетиот вирус, пристигна и многу важна вест за иднината на нашата држава и врвен стратешки приоритет - Северна Македонија е веќе 30 земја членка на НАТО“, изјави Заев.

Претходно Владата донесе одлука за воведување вонредна состојба поради коронавирусот, која беше проследена до Пртседателот на Собранието талат Џафери, кој пак, како што рече, неможноста да се состане Парламентот, одлуката ќе ја препрател до шефот на државата.

Во меѓувреме, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој по завчерашната лидерска средба рече дека е за воведување на кризна, а не вонредна состојба, денеска побара воведување вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG